Црна хроника
Идентификувани 10 учесници во протестот во Тетово
Министерството за внатрешни работи идентификуваше десет лица што учествувале на протестот што се одржа на 6-ти јули во Тетово против пресудата во случајот „Монструм“, а во кој беа повредени шест полициски службеници и тројца други граѓани.
Министерството за внатрешни работи идентификуваше десет лица што учествувале на протестот што се одржа на 6-ти јули во Тетово против пресудата во случајот „Монструм“, а во кој беа повредени шест полициски службеници и тројца други граѓани.
Против сите е поднесена кривична пријава под сомнение дека сториле кривични дела „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, а за двајца од нив, И.Н (38) и Ф.М (41) од Тетово, е поднесена пријава и за „напад на службено лице при вршење работи на безбедност“.
„Пријавените И.Н. и Ф.М. физички нападнале двајца полициски службеници, при што на едниот од нив му нанеле и телесни повреда, додека сите десет не ги почитувале наредбите на полициските службеници, фрлале камења, влечеле заштитни огради и ги туркале полициските службеници“, соопшти МВР.
Во средата сите десетмина биле повикани во СВР Тетово, а И.Н. и Ф.М. се задржани и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија во Основниот суд Тетово.
Министерството за внатрешни работи продолжува со идентификување и на други учесници во протестот кои излегоа на улица за да изразат незадоволство од пресудата во случајот „Монструм“ со која минатиот месец шест лица беа осудени на доживотна затворска казна за петкратното убиство што се случи во 2012 година на Смилковското езеро во Скопје./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
Црна хроника
Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Топ
Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

