Црна хроника
Инспектор од СВР Битола зел поткуп од 36.000 денари
Инспектор вработен во СВР Битола во Отсекот за економски криминал зел поткуп од 36.000 денари. Против него е поднесена кривична пријава за „Примање поткуп“.
Од 17-ти овој месец инспекторот му барал пари на граѓанин, а во средата ги зел парите.Инспекторот постапувал по предмет Барање од Основното јавно обвинителство Битола и не изготвил соодветен службен материјал во којшто ќе бидат содржани вистинските факти и докази барани од ОЈО Битола. Тој ветил дека за погоре посочениот паричен надомест ќе изготви службен материјал кој ќе нема правни последици за оштетениот./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени 15 мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари
Полицијата откри 15 лица мигранти во гевгелиско. Во врска со случајот се приведени двајца криумчари против кои ќе следува пријава.
Според информациите на МВР, вчера околу 20:00 часот во близина на ловиште „Погана“, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.Ј.(37) од Кaвадарци.
Претходно, на местото, полициските службеници забележале група од 16 лица мигранти(13 од Египет, двајца од Турција и еден од Сирија) и во нивна близина е затекнат Д.Ј. со возило „шевролет каптива“ со кавадаречки регистарски ознаки. При преземање мерки констатирано е дека лицето од Сирија Х.А.(28) му помагало на Д.Ј., односно со другите лица илегално ја преминале државната граница и ги спровело до местото. Исто така, при преземање на мерки, констатирано е дека регистарските таблички од возилото се пријавени за украдени, односно припаѓаат на друго возило.
Мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а возилото е одземено. Д.Ј. и Х.А. се задржани во полициска станица, известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: МВР
Црна хроника
Уапсен битолчанец: возел „јагуар“ со речиси 100 километри на час повеќе од дозволеното
Вчера во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „јагуар“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.
Уапсен 22-годишен прилепчанец: возел пијан
Ноќеска во 02:00 часот на улицата „Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 22-годишниот А.Е. од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., и при преземање мерки констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при преглед пронајдена дрога
Вчера околу 21:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е преглед на 38-годишниот Ф.Ш. од Скопје при што пронајдена е марихуана.
Ф.Ш. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

