Црна хроника
Осум години затвор за двојното убиство кај Зоолошка во Скопје
Ѓорѓи Топаловски, обвинетиот за двојното убиство што се случи пред седум години во близина на Зоолошката градина во Скопје, е осуден на единствена казна од осум години затвор, односно по четири ипол години за секоја од жртвите.
Пресудата беше соопштена без присуство на обвинетиот и неговиот бранител бидејќи Топаловски не бил спроведен од Истражниот затвор поради административни причини.Оштетените во овој случај судијата ги упати во Граѓанскиот суд каде што обвинетиот треба да ги сноси сите трошоци во постапката.Топаловски е осуден за кривичното дело „убиство во миг“, за кое е предвидена затворска казна од една до пет години, а вештите лица утврдиле дека убиството го сторил во афектна состојба која што ја предизвикале жртвите.Во своите заврши зборови пред судот Топаловски изјави дека до трагедијата дошло не по негова вина. „ Во притвор сум две и пол години и ги пропуштам најубавите години од детството на мојот син. Го погазив моето достоинство и бегав. Го бранев својот живот и животот на моето семејство”, рече Топаловски пред судот.Неговиот адвокат рече дека оружјето со кое Топаловски го извршил убиството не било во автомобилот на обвинетиот, туку го носел некој од убиените и им паднало додека го тепале Топаловски. Од 2007 година, кога се случи убиството, по Топаловски беше распишана меѓународна потерница, а во 2012 година беше најден во Доминиканската република со литванска патна исправа. Потоа беше депортиран во Мадрид, а во април годинава беше депортиран во Скопје, во истражниот затвор Скопје.Топаловски во ноември 2007 година ги уби 35-годишниот Андреј Филип – Џиџи и 30-годишниот Новица Благоевиќ – Моско пукајќи им во глава, а потоа со автомобилот прегазил еден од нив. Причина за убиството е лихварство. Двајцата лихвари дошле да ги израмнат долговите со должникот, но тој зел пиштол и пукал во нив.Притворот му е продолжен сè до правосилноста на пресудата./крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.