Црна хроника
Спречени обиди за шверц на хероин и марихуана
Царинските службеници во средата спречија два одвоени обида за шверц на килограм хероин и три килограма марихуана.
Во првиот случај царинските инспектори од Одделението за оперативни работи – Мобилни тимови, при личен претрес на македонски државјанин, патник во автобус кој сообраќа на редовна линија Истанбул – Струга, пронајдоа и запленија околу еден килограм хероин.
Имено, во средата во 6 часот, на граничниот премин Богородица за влез во државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки. Автобусот е селектиран за детална контрола и при извршен личен претрес кај 51-годишниот И.И., македонски државјанин, во внатрешноста на јакната што ја носел на себе, под поставата се пронајдени 24 паковки со вкупна тежина од околу килограм наполнети со непозната кафена прашкеста материја, која на тестер за наркотици НИК покажала индикации дека се работи за наркотична дрога хероин. Вештачењето извршено во Одделот за криминалистичка техника при МВР ги потврди сомневањата.
По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, во текот на спроведените предистражни мерки, утврдено е дека лицето И.И за сума од седум илјади евра во Истанбул набавил околу килограм хероин, со цел истиот да го пренесе и да го продаде во Македонија. За таа цел дрогата, спакувана во 24 паковки, ја сокрил под поставата од својата јакна и во вторникот со автобус тргнал кон Тетово каде планирал да ја продава, но на граничниот премин Богородица е откриен од страна на царинските службеници.
Осомниченот е лишен од слобода и предаден во Основниот суд Велес, а Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Судија во претходна постапка на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
Во вториот случај, истиот ден околу 21 часот, при контрола на автобус кој сообраќа на редовна линија Струга – Виена, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце, царинските службеници од граничниот премин, под едно од седиштата пронајдоа најлонска кеса исполнета со непозната материја со зелена боја од растително потекло, со тежина од околу три килограма, која на тестер за наркотици НИК покажала индикации дека се работи за марихуана.
Целиот предмет е предаден на Одделението за истраги, кои во координација со Основното јавно обвинителсво во Куманово презема дејствија и активности заради утврдување на сите факти и докази во врска со овој случај./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.