Црна хроника
Изгоре црква во Владимириво
Една од најстарите цркви во беровското село Владимирово „Свети Спас“ изгоре до темел во саботата.
Причина за пожарот биле свеќите кај олтарот чии пламени се споиле и предизвикаа јазли од оган.
За време на пожарот во црквата имало голем број на верници. Локалното население учествувало во гаснењето на пожарот.
Црквата имала повеќе стари икони заштитени од државата, а олтарот бил правен на Света Гора. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш, доби кривична пријава и суспензија
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.И. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“ по член 383 став 2 од Кривичниот законик.
Пријавениот Б.И. – самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш во ОВР Радовиш, на 20.12.2024 во службени простории на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш О.Г..
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
Црна хроника
Уапсен тетовец, баран по потерница за издржување казна затвор
Вчера во 11.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 30-годишниот К.В. од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Тетово за издржување казна затвор.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Црна хроника
Апсења во Скопје, пронајдена дрога
Вчера во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода 23-годишниот З.Т. и 26-годишниот Ф.Т., двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Вчера во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 63-годишниот Д.С. од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети.
Вчера во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 38-годишниот Ф.Р. од село Глумово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите, полицијата најави дека ќе следува соодветен поднесок.