Црна хроника
Ја ограбиле, ја киднапирале и десетина дена ја силувале
Двајца браќа од село Герман, кај Ранковце, киднапирале 25-годишна жена, ја ограбиле и ја силувале речиси две недели.
Имено, СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (25) и Б.С.(32), двајцата од село Герман, општина Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „силување“. Тие, во периодот од 9.12.2015 година до 21.12.2015 година во местото викано Гарејци атар на село Герман, Општина Ранковце, противправно држеле 25-годишна жителка на село Нерав во нивната семејна куќа во село Герман, при што ѝ ја ограничиле слободата на движење и, исто така, со закани вршеле полови дејствија. Пријавените, исто така, ја ограбиле оштетената при што и одзеле 500 евра, мобилен телефон, златно синџирче, а ѝ забраниле да комуницира со нејзините малолетни деца и невенчаниот сопруг. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

