Црна хроника
Кривична пријава за џепчија од „63-ка“
Скопската полиција во неделата до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 46-годишник од Скопје за џебна кражба.
Скопската полиција во неделата до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 46-годишник од Скопје за џебна кражба.
Пријавениот пред една седмица со намера да ја изврши кражбата се качил во автобусот број 63 на постојката кај „Веро Џамбо“ на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ кој сообраќа до Транспортниот центар, и искористувајќи ја гужвата од патник украл машки паричник во кој имало лична карта, платежни картички и електронска здравствена картичка.
Меѓутоа, додека ја извлекувал раката од џебот на жртвата, бил забележан од друг патник кој го предупредил ограбениот, по што била повикана полиција, која при претрес кај осомничениот го пронашла паричникот.
На пријавениот со иницијали И.Ј му е одреден осумдневен притвор. Станува збор инаку за лице на коешто во периодот од 1980 до 2014 година му се поднесени 101 кривична пријава претежно од областа на имотни деликти, главно кражби и измами./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.