Црна хроника
Во Ротердам запленети 3,5 тони кокаин, вреден 120 млн евра
Холандските цариници заплениле во пристаништето Ротердам 3,5 тони кокаин сокриен во контејнер со маниока, што е втората по вредност заплена на кокаин во историјата на ова меѓународно пристаниште, објави во неделата холандското правосудство.
Холандските цариници заплениле во пристаништето Ротердам 3,5 тони кокаин сокриен во контејнер со маниока, што е втората по вредност заплена на кокаин во историјата на ова меѓународно пристаниште, објави во неделата холандското правосудство.
„Кокаинот е пронајден во контејнер со пратка маниока од Костарика во 3.003 пакети со вкупна тежина од 3,5 тони“, објави државното обвинителство на Холандија.
Запленетиот кокаин на пазарот би чинел 120 милиони долари, се додава во соопштението.
Се истакнува и дека запленетата дрога, во петокот, веднаш била уништена, без да се соопштат поединости, за евентуално приведени или осомничени лица.
Станува збор за втората по големина заплена на наркотици во историјата на пристаништето Ротердам, по откривањето во 2005 година на 4,2 тони кокаин./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец предизвикал пожар и оштетил топловод и конструкцијата на мостот „Беласица“
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, денеска до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Х.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „тешки дела против општата сигурност” по член 292, а во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, по преземени мерки, подигнати докази, извршени вештачења и разговори со повеќе лица било утврдено дека на 11.05.2023 под мостот „Беласица“, пријавениот предизвикал пожар на т.н. „просторија за компензација на топловод”, кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ-Снабдување со топлина, при што се предизвикани топлински оштетувања на наведениот топловод, како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.
Инаку, пријавениот И.Х. од 12.09.2023 се наоѓа на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа меѓу три возила во Скопје: повредени четири лица
Вчера во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел мерива“, Б.М.(31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со мопед удрил во метален столб на „Партизанска“: две лица тешко повредени
Денеска во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.