Црна хроника
Кривична пријава за екс директорот на комуналното претпријатие во Струга
Поради постоење на основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 39-годишниот стружанец, поранешен директор на јавното комунално претријатие од овој град
Пријавениот, во својство на службено лице директор на Јавното претпријатие „Комунално“ Струга, без објавување на јавен оглас спровел постапка за јавна набавка со барање за прибирање на понуди за набавка на материјали за оградување на капела и цвеќара. За најповолен понудувач со одлука била избрана фирмата „Набизи“ од Струга по што пријавениот од сметката на Јавното претпријатие „Комунално“ на 31-ви мај 2011 година на сметката на Набизи“ ДООЕЛ Струга авансно уплатил 120.000,00 а следниот месец на истата сметка уплатил 92.150,00 денари. Тоа го направил иако стоката не била доставена до претпријатието, ги прифатил фактурите од посочената фирма и противправно ги потпишал издатниците прикажувајќи дека стоката е примена и подигната од негова страна од магацин. На овој начин пријавениот го оштетил буџетот на претпријатието за сума од 212.150,00 денари.Пријавениот, како одговорно лице во јавното претпријатие со повреда на законските прописи за совесно постапување при вршење на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор несовесно постапил со тоа што на вработените им ги признавал сметките за гориво кое го точеле во нивните приватни возила без патен налог со што им овозможил горивото да го користат за приватни потеби. Со тоа, за периодот 2011, 2012 и 2013 година им овозможил да прибават имотна корист 489.974,00 денари на штета на буџетот на претпријатието. Со одлука, Управниот одбор на ЈП „Комунално“ Струга го овластил сега пријавенито директор да одреди приватни возила кои ќе се користат за службени отреби по што тој со вработените кои ги одредил потпишал договори за користење на нивните приватни возила.Во текот на 2011, 2012, и 2013 година, вработените кои имале склучено вакви договори, во нивните приватни возила точело гориво на сметка на ЈП „Комунално“. Приватните возила ги користеле без патен налог во кој треба да е наведено за каква службена работа се користи возилото и истиот треба да е одобрен од раководителот. Фактурите со кои биле опфатени овие точења на гориво во приватни возила, пријавениот ги прифаќал и потпишувал со што одобрувал да се книжат. На овој начин ги прифаќал сметките за точење гориво во приватни возила кои се возеле без патен налог, овозможувајќи им на тие лица да ги користат возилата за приватни потреби оштетувајќи го ЈП „Комунално“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Турски државјани уапсени поради шверц на мигранти
Полициски службеници денеска ги лишиле од слобода С.А.О. (35) и К.Х. (32), двајцата државјани на Република Турција, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Околу 02:30 часот, на автопатот Гевгелија–Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица сопреле патничко моторно возило „шкода октавија“ караван, со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од С.А.О., при што како сопатник во возилото се наоѓал К.Х.
При извршениот преглед на возилото, биле пронајдени четири илегални мигранти од Египет, на возраст од 15 до 35 години.
По наредба на јавен обвинител, двете лица се задржани во Полициската станица Гевгелија, додека мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“.
По целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
Тетовското обвинителство поведе истражни постапки против вкупно 4 лица по оретресите во Брвеница, во кои беше пронајдена наркотична дрога и оружје.
Тројца од нив се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.
Така, кај еден осомничен биле пронајдени пиштол со 2 куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка. Кај друг осомничен полицијата пронашла 55 куршуми, oд кои 53 куршуми боева муниција забранета за граѓаните, додека кај третиот бил пронајден пиштол без шаржер.
Четвртото лице кај себе држело 3,15 грама кокаин во моментот на претресот, поради што му е поведена истрага за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
По краткотрајниот 48-часовен притвор за обезбедување докази, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за тројца осомничени, додека за еден се предложени мерки на претпазливост.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

