Црна хроника
Кривични пријави за челниците на ‘Стопанска банка Битола’
Против двајцата први луѓе на „Стопанка банка Битола“ АД Битола одделот за стопански криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави, поради сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, соопшти во неделата МВР.
Кривичните пријави се поднесени против 58-годишниот Б.Ѕ. (58), член на Управен одбор и Прв генерален директор на „Стопанска Банка“ АД Битола и 63-годишниот Т.М., член на Управниот одбор и Втор генерален директор на банката, бидејќи се осомничени дека како службени лица, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување овозможиле правното лице „Амадеус груп“ Дооел од Охрид да се стекне со противправна имотна корист, а на штета на Стопанска банка АД Битола, со што на 14.12.2010 година, постапиле спротивно на Законот за банки и склучиле Договор за остапување на побарување со хипотека со правното лице „Амадеус груп“ од Охрид во износ од 2.614.035 евра, што претставува износ помал за 150.000 евра од реалното побарување.
Со овој износ пријавените ја оштетиле Банката иако биле свесни и знаеле дека самиот договор е штетен за Банката и во истиот период кај Извршителот била исплатена целосната сума, од побарувањето од страна на купувачот.
Имено, пријавениот Б.Ѕ. во периодот од 16.10.2010 до 24.12.2010 година, постапил спротивно на чл.92 ст.1 од Законот за банки, односно кога Управниот одбор функционира само со еден член, поради неотповикливата оставка на другиот член. На 20.11.2009 година Б.Ѕ. самоволно, издал налог за извршување на претходно поднесеното Барање за извршување од 18.11.2009 година, со цел да овозможи противправна имотна корист за друг и на ден 16.10.2010 година склучил преддоговор за отстапување на побарување со правното лице „Амадеус Груп“ ДООЕЛ од Охрид.
Исто така двајцата пријавени од 28.10.2010 година до 24.12.2010 година, како овластени лица на Стопанска Банка АД Битола постапиле спротивно на чл. 89 ст.3 т. 17 од Законот за банки, и на 14.12.2010 година, за побарувањата кои што ги ималa банката во вкупен износ од 2.763.035 евра, од доспеани, а ненаплатени кредити, одобрени со залог на недвижен имот (во вредност од 26.272.962 евра) на правните субјекти „Унитајерс Стил Импекс“ ДООЕЛ Скопје и „Санос“ ДОО Скопје (каде што „Унитаејрес“ се јавува како заложен должник и за кредитот на „Санос“ ДОО), без одлука од соодветниот Надзорен орган, пријавените со цел и формално правно да ја реализираат намерата за стекнување на противправна имотна корист за друг, склучиле Договор за отстапување на побарување со хипотека со надомест, со правното лице „Амадеус Груп“ ДООЕЛ од Охрид, со дисконт од 150.000 евра, односно за 2.613.035 евра. По ова правното лице „Амадеус Груп“ ДООЕЛ од Охрид, во извршна постапка која се водела по барање на „Стопанска банка Битола“ АД Битола, кај извршител од Скопје, во улога на нов доверител по основ на Договор за отстапување на побарување од 14.12.2010 година, го наплатило своето новостекнато побарување во целокупниот износ, кој како побарување првично го имала „Стопанска банка“ АД Битола од „Унитајерс Стил Импекс“ ДООЕЛ Скопје и „Санос“ ДОО Скопје за 2.763.035 евра, при што пријавените му овозможиле на „Амадеус Груп“ да се стекне со значителна противправна имотна корист во износ од 150.000 евра, на штета на „Стопанска банка“ АД Битола, со што го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.4 во врска со ст.3 и ст.1, од КЗ на РМ./крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

