Црна хроника
Кумановка прегазена на автопатот кон Табановце, возачот побегнал
– фото илустрација
Кумановка била прегазена од возило со странски регистерски таблички на автопатот Куманово-ГП„Табановце“, поточно под надвозникот од улицата 11-ти Октомври.
Кумановка била прегазена од возило со странски регистерски таблички на автопатот Куманово-ГП„Табановце“, поточно под надвозникот од улицата 11-ти Октомври.
Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил во петокот околу 18,30 часот, кога
непознато лице управувајќи возило со странски регистарски ознаки, удрило во пешакот Марија Н.(32) од Куманово и по незгодата го напуштило лице местото. Од здобиените повреди пешакот Марија Н. починала на самото место.
Увид на лице место извршиле ЈО и екипа од СВР-Куманово при што е идентификувано возилото и истото сè уште се наоѓа на територија на Р.Македонија.
СВР Куманово работи на пронаоѓање на возачот и возилото. По наредба на ЈО, телото нa починатата е дадено на обдукција. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.