Црна хроника
Малолетник се заканувал со гасен пиштол во училиште
Малолетник извадил гасен пиштол и им се заканувал на ученици во основното училиште „Сами Фрашери“ во тетовското село Пирок.
Петнаесетгодишното момче од тетовското село Камењане, во понеделникот околу 10.40 часот почнал да се расправа со тројца ученици кои потоа влегле во училиштето. По нив влегол и петнаесетгодишникот, извадил гасен пиштол, им се заканил и заминал. Од страна на полициски службеници напаѓачот е пронајден, со потврда за привремено одземени предмети пиштолот со една празна рамка му е одземен и во присуство на неговиот родител (татко) бил повикан во СВР Тетово.По целосно расчистување на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

