Црна хроника
МВР: Седум кривични пријави за инцидентот на натпреварот меѓу Вардар и Пелистер
Министерството за внатрешни работи до Јавното обвинителство ќе поднесе седум кривични пријави за напад на службено лице при вршење на својата должност и за предизвикување општа опасност по инцидентот на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Пелистер“ од Битола и ФК „Вардар“ од Скопје на стадионот по „Тумбе кафе“ во Битола.
Во инцидентот при силна детонација на трибините каде што беа сместени навивачите од навивачката група „Комити“ беа повредени осум лица од кои едно потешко, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите на полициските органи, експлозивната направа била активирана од страна на еден од навивачите од навивачката група „Комити“ по што настанал силен метеж.
Повредените од експлозијата биле извлечени од страна на членовите на навивачката група со цел да им биде укажана брза помош.
„Согласно досегашната пракса при ваквите натпревари, за да не дојде до судир меѓу двете навивачки групи, на гостинските навивачи им било укажано први да го напуштат стадионот. Откако одбиле доброволно да ја напуштат трибината, 10-ина минути пред завршувањето на натпреварот била издадена усна наредба за потиснување на навивачката група „Комити“ кон излезот на стадионот. Со потиснување на масата било пристапено од полициските службеници со штитови. Во еден момент се слушнала детонација на експлозивна направа која била активирана од страна на еден од навивачите по што настанал метеж. Биле повредени повеќе лица, кои од страна на навивачите биле извлечени за укажување на прва помош. Од навивачката група „Комити“ со повреди се стекнале 8 лица, од кои едно лице со тешки телесни повреди и 7 лица со лесни телесни повреди“, се вели во соопштението на Министерствтото за внатрешни работи.
Од МВР истакнуваат дека повредените лица по инцидентот биле примени во Клинички центар „Др.Трифун Пановски“ Битола, каде им била укажана медицинска помош.
„Станува збор за: Г.Н.(1977) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил препратен во Скопје, додека со лесни повреди се здобиле С.Г.(1990), К.Г.(1983), З.К.(1977), Г.К.(1980), Д.Б.(1983), Б.Д.(1991) и Ф.А.(1985) сите од Скопје. За време на вршење на службени задачи повредени се и четири полициски службениции“, соопштуваат од МВР.
СВР Битола веднаш извршила увид на местото на настанот, при што бил подигнат материјал, кој ќе биде испратен на понатамошно Вештачење во МВР на РМ, а истрага ќе спроведе и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Според првичниот исказ на медицинските лица, таков вид на повреда не можела да се случи доколку повредениот не ја држел, односно не ја активирал шок бомбата во рака./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

