Црна хроника
Над 50.000 евра украдени од салон за мебел во Врапчиште
Засега непознати сторители од салонот на „Ѓун-интериер” во гостиварското село Врапчиште однеле ноќта кон вторникот метален сеф тежок околу 200 килограми во кој имало поголема количество пари и документи
Според првичните сознанија на СВР Тетово, грабежот вол извршен ште непознати сторители, во периодот меѓу 19 часот во понеделникот до 7.40 часот во вторникот, откако го скршиле стаклото од излогот на салонот, влегле внатре, а потоа насилно ја отвориле дрвената врата од канцеларијата во салонот. Крадците потоа со пленот, незабележани од никого, заминале низ влезната врата.
Таму се наоѓал метален сеф тежок меѓу 150 и 200 килограми. Според пријавата во него имало 42 илјади евра, шест илјади швајцарски франци, три илјади американски долари и 257 илјади денари, во различни апоени, како и документи од фирмата.
По овластување на Јавен обвинител извршен е комплетен увид, пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење се повеќе траги. Се преземаат активности за откривање на сторителите и разветлување на сите поединости поврзани со кражбата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

