Црна хроника
Најдени остатоците од авионот што се урна кај скопско Катланово
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, во вторникот вечерта за медиумите изјави дека остатоците од авионот се најдени на два километра од селото Кожле и оти полиција веќе го обезбедува местото на несреќата.
Полицијата кај селото Блаце, јужно од скопскиот аеродром „Александар Македонски“ го блокира пристапот кон селата Кожле и Ветерско, каде што се најдени останките од авионот од типот „Пајпер’ со германски регистарски ознаки сопственост на авиоклуб од италијанскиот град Тревизо кој според досегашните сознанија летал за Приштина, а во Скопје требало да наполни гориво.
Екипа на Обвинителството е на терен и врши увид но засега одбиваат да дадат поединости за медиумите.
Авионот со шест патници исчезнал од радарите на Контролната кула на скопскиот аеродром попладнево околу 17,40 часот во вторникот во фазата на слетување. Станува зборува за приватен комерцијален лет од Тревизо, а во Скопје требало да дополни гориво и наводно летал за Приштина.
Во авионот наводно биле двајца италијански и четворица косовски државјани. Според некои медиуми, едно тело е најдено изгорено, а патниците се италијански државјани.
Од СВР Велес потврдија дека примиле телефонска пријава од граѓанин дека слушнал експлозија во близина на селото Кожле, по што биле примени дојави за избувнат пламен./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведено лице од Битола барано со потерница
Денеска во 14.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, го лишија од слобода С.Р.(31) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци.
Лицето, како што соопшти полицијата, ќе биде спроведено во казнено поправната установа Затвор Битола.
Црна хроника
Малолетници се степале во автобус на ЈСП
Денеска во 11.30 часот во СВР Скопје, М.М.(53) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 30.09.2024 околу 13.55 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син и двајца негови малолетни другари биле физички нападнати од други малолетници, кои употребиле и тврд предмет.
Според МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен малолетник: со нож повредил друг малолетник во скопски Карпош
Вчера во 12.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода малолетник од с.Чајлане, скопско, поради сомнение дека околу 07.30 часот на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, со остар предмет нападнал малолетник од с.Семениште, скопско, и му нанел убодна рана.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.