Црна хроника
Нападнат ученик во ДСУ „Панче Караѓозов“
Петнаесетгодишен ученик во ДСУ „Панче Караѓозов“ бил нападнат во вторник попладне од две лица, кои со остар предмет му нанале посекотини во пределот на градниот кош и рамото.
Како што соопшти полицијата, нападот се случил околу 17,40 часот, а повредениот е пренесен во Ургентен центар.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жители на Велес и Скопје искасани од кучиња скитници
Вчера во 15.15 часот во Полициската станица Велес, С.И.(42) од Велес пријавила дека на улица „Лазо Осмаков“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Во Полициската станица Аеродром вчера во 19.30 часот, Т.А.(55) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 17.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Љ.С.(57) од Скопје пријавил дека кај Железничка станица Ѓорче Петров во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Тешко повреден маж во сообраќајна несреќа меѓу три возила во Тетовско
Вчера во 19.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, кај влезот за с.Глоѓи, се случила собраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(24) од с.Гургурница, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(20) од с.Доброште и патничко возило ,,тојота јарис“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(54) од с.Доброште.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Ш., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.
Црна хроника
Прегазена 79-годишна скопјанка
Вчера во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од Скопје, удрило во пешакот В.Ѓ.(79) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Ѓ., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.