Црна хроника
Нападнат ученик во училиште во Тетово, друг расечен со нож на палецот
Ученик бил нападнат во четвртокот попладне по завршувањето на часот по физичко во кругот на Текстилното училиште “Гоце Стојчески“ во Тетово.
Според МВР, нападот се случил кога осумнаесетгодишниот ученик по завршувањето на часот по физичко се упатил кон училницата.
Бил пресретнат од седумнаесетгодишен ученик кој порано учел во истото училиште и нападнат. Двајцата најпрвин започнале да се расправаат, по што поранешниот ученик го удрил со тупаница на лицето и му нанел повреда во вид на оток и модринка.
Друг ученик пак се обидел да ги раздвои, но поранешниот ученик извадил нож и го расекол на палецот.
Во ПС – Тетово обавен е разговор со лицата и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.