Црна хроника
Неидентификуван пешак загина на патот Штип-Кочани
Неидентификуван пешак загина доцна вечерта во петокот на магистралниот пат Штип-Кочани, откако бил удрен од пежо, чиј возач првин побегнал, но подоцна се пријавил во полицијата.
Инцидентот се случил околу 22,00 часот, во близина на „Уларска раскрсница“, кога Б.П.(35) од Кочани управувајќи возило „Пежо 206“ со штипски регистарски ознаки удрил во пешак и го напуштил местото на настанот.
Пешакот од здобиените повреди починал. Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Штип во присуство на јавен обвинител.
Истата вечер во 00,50 часот Б.П. сам се пријавил во полициската станица во Кочани, каде му е извршено алкотестирање и му е утврдено присуство на 0,87 промили алкохол во организмот.
Истиот, по наредба на ЈО е задржан во ПС. Се превземаат мерки за утврдување на идентитетот на жртвата. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

