Црна хроника
Ограбена обложувалница во Скопје
Во саботата, непознати лица со закана со огнено оружје ја ограбиле обложувалницата „Златна копачка“, во Скопје.
Како што соопшти полицијата, во саботата околу 21 часот на ул.„Тале Христов“ поточно во обложувалница „Златна Копачка“ од страна на две непознати маскирани лица едниот вооружен со пиштол со закана од една вработена одзеле засега неутврдена сума пари.
Крадците потоа избегале, а увидна екипа од СВР-Скопје извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Трагедија во Аеродром: На скопјанец му се слошило на скали, починал на лице место

Ноќта помеѓу петокот и саботата на 64-годишниот Б.В. од Скопје му се слошило додека се наоѓал на скалите во својот дом на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавата, мажот паднал поради нагло влошување на здравствената состојба, а лекар од Итната медицинска помош по пристигнувањето на местото ја констатирал неговата смрт.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Топ
МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди” со намера да ги запали.
Откако реагирал лицето побегнало и не успеало во намерата.
МВР го бара сторителот.
Црна хроника
Тројца странски државјани загинаа во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Пред два дена околу 08:13 часот, на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на селото Лакавица, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле три лица.
Според информациите од полицијата, товарно возило марка „Фиат Дукато“ со струмички регистарски таблички, сопственост на фирма од Струмица, излетало од коловозот. Возилото го управувал 35-годишниот М.Д. од село Иловица.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починале три лица: С.М.Р. (29) и Х.М.Р. (38), двајцата од Бангладеш, како и К.К. (34) од Непал. Сите имале регулиран престој во земјава. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош“, соопшти МВР.
Возачот и уште едно лице – Х.М.Т. (24) од Бангладеш – се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани во Клиничката болница во Штип.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Истрагата за причините на несреќата е во тек.