Црна хроника
Охриѓанец крадел пари од купени гробни места
Вработен во „Градски гробишта“ Охрид крадел пари од граѓаните кои купувале гробни места. Против него е поднесена кривична пријава за „фалсификување на службена исправа“„злоупотреба на службена положба и овластување“ и „комјутерска измама“.
Во периодот од 24 ноември 2011 до 11 јануари 2013 година, охриѓанецот кој работел како јавен службеник задолжен за доделување и наплата на гробни места во „Градски гробишта“ Охрид, свесно противправно присвоил пари доверени во службата од наплата на гробни места од тринаесет граѓани во вкупен износ од 352.153,оо денари. На сите тринесет лица кои купиле гробни места им изготвувал писмени договори за купување, а примероците кои им ги издавал на странките, ги заверил со лажни потписи во делот кој се заверува со потпис од страна на директорот на јавното претпријатие. За да не бидат откриени фалсификатите, примероците од овие спорни договори кои требало да се предадат во службите на јавното претпријатие, биле уништени и ги нема ниту во сметководство на ова претпријатие, ниту во архивата од договорите.Службеникот успеал да наведе неколку граѓани да купат гробно место, составувал писмена изјава за промена на носител на право на употреба на гробно место и во комјутерската евиденција на „Градски гробишта“ внесувал нови лица како старатели без да постои соодветен писмен договор или друг правен основ за стекнување со права на конкретното гробно место. Тој, примил пари во готово и со свој ракопис составил писмена потврда која заедно со примените пари никогаш не ги предал во службата. Парите за наведеното гробно место ги присвојувал и врз основа на лажна изјава вршел промена на податоците во комјутерскиот систем, го бришел старателот-сопственикот на конкретното гробно место и на негово место внесувал други лица-сопственици. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

