Црна хроника
ОЈО истражува дали некој го поттикнал Крпач на самоубиство, СЈО не им дава доказ кој му се заканувал
Јавното обвинителство Скопје тврди дека сведокот на Специјалното јавно обвинителство, Коста Крпач неспорно се самоубил, но сега истражува дали има кривично дело, односно дали некој го навел и поттикнал да изврши самоубиство.
Истрагата за самоубиството е завршена и скопското Обвинителство врз основа на материјални, вербални докази и многубројни вештачења утврдило дека Крпач се самоубил на специфичен начин.Сега скопското Обвинителство отворило предистражна постапка и истражува кој, зошто и како му се заканувал на Крпач. Но, предистражната постапка ја кочело Специјалното јавно обвинителство кое не му го давало записникот од распитот на Крпач во кој тврди дека имал закани.Единствено нешто што добиле од СЈО биле информациите дека Крпач имал закани, но ним им требало доказ кој му се заканувал на Крпач за да продолжат со истрагата. Како што објаснија од Обвинителството, кад работеле со многу заштитени сведоци, Крпач морал да каже кој и зошто му се заканувал за да бара заштита од СЈО и сето тоа да биде внесено во записник. Записникот може да биде таен документ, но според Обвинителството, СЈО може да го даде овој документ со назнака доверливо.Скопското обвинителство уште во мај доставило барање до СЈО за да им се предаде записникот, но до денеска не добиле никаков одговор. Обвинителството упати апел до СЈО да надвладее разумот да им го предадат записникот.Истрагата на скопското Обвинителство утврдила дека револверот со којшто се самоубил Крпач бил негов и имал дозвола за негово поседување. Испитани биле 19 сведоци, сите кои Обвинителството ценело дека би можеле да придонесат за решавање на случајот. Десетмина од испитаните сведоци биле службени лица вработени во Министерството за внатрешни работи кои го вршеле претресот во домот на Крпач, а девет лица биле лица блиски со него, меѓу кои неговата сопруга, пријатели и бизнис партнери.Според Обвинителството, од истрагата произлегло дека промена на расположението кај Крпач се случила на 6 април, кога бил извршен претрес во неговиот дом по налог на Специјалното јавно обвинителство. Следниот ден Крпач бил испитан како сведок во СЈО и побарал заштита бидејќи имал закани. По неколку дена името на Крпач се најде на списокот на аболицирани лица којшто го објави Претседателот, Ѓорге Иванов, а истиот месец на 27-ми изврши самоубиство. Првин пукаше во комбе кое било паркирано пред влезот на неговата зграда во скопската населба Капиштец, но засега не е познато зошто Крпач пукал во комбето.Тој пукал кон комбето од терасата од станот каде што живее, а потоа влегол внатре и се самоубил. Случајот во полиција го пријавил пензиониран полицаец кој според Обвинителството, се нашол во погрешно време на погрешно место. Телефонот на Крпач не бил вештачен бидејќи стручните лица не успеале да го пробијат пасвордот на телефонот, којшто имал посебна заштита. По самоубиството неговата сопруга била повикана во обвинителството два пати и до тогаш таа немала никакви закани по нејзиниот живот.Обвинителството ги повика новинарите на брифинг по вчерашната прес-конференција на СЈО на која соопшти дека отворило нова истрага за случајот „Трезор“, а во оваа истрага е вмешана и фирмата чиј сопственик порано беше Крпач, „Финзи“. Со новата истрага на СЈО осомничени за злоупотреба на службена положба се три лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од Министерството за внатрешни работи, кои преку правното лице „Финзи ДООЕЛ“, од Велика Британија нарачува електронска и комуникациска опрема, со цена повисока за околу 862.000 евра. За оваа сума, преку повеќе договори и анекси на договори е оштетен Буџетот на Република Македонија, а со цел лично богатење и прибавување имотна корист./крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos
Топ
Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата
Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.
Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода.
Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.
Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

