Црна хроника
Основен суд Скопје потврди дека СЈО барало претрес во домот на Крпач
Основниот суд Скопје 1 Скопје потврди во четвртокот во писмена изјава дека на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бил извршен претрес во домот на сега починатиот Коста Крпач.
„На почетокот на месец април 2016 година од страна на Судија на претходна постапка организиран криминал и корупција по барање на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите , издадена е наредба за претрес во домот на К.К., а претходно за правно лице чиј сопственик во одреден период е истиот, односно по барање на СЈО, Судија на претходна постапка организиран криминал и корпуција има издадено и наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Р.М. од две фирми ( меѓу кои за една во одреден период како сопственик се јавува К.К. ) за кој настан во јавноста беше лиферувана информација дека „Централниот регистер на Р.М. е под опсада“, информираат од Судот.
Воедно, Основниот суд Скопје 1 Скопје велат нема да ја коментираат акцијата на СЈО и нивните „оперативно тактички мерки на клопка и заседа на институциите повикувајќи се на судски наредби и анонимни дојави коишто повеќе наликуваат на холивудско сценарио, а не на сериозно и посветено извршување на функцијата на еден орган како што е СЈО“, стоеше во соопштението до медиумите на скопскиот Судт, во врска со активностите на СЈО спроведени во Централниот регистар./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

