Црна хроника
Основен суд:Оштетени прозорци, нема повредени вработени

Основниот суд Скопје 1-Скопје во петокот попладне информираше дека за време на насислнит епротести биле искрешни неколу прозорци на зградата, но не е повреден ниту еден вработен во судот.
Вработените останаа на своите работни места и професионално си ги извршуваа своите работни задачи и покрај недоличното однесување на граѓаните кои излегоа на таканаречените мирни протести, се вели во соопштението.
За инцидентот е информирано Министерството за внатрешни работи, а материјалната штета дополнително ќе се проценува. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
17-годишник тешко повреден кога со возилото излетал од патот во Струшко

Ноќеска во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Охрид

Синоќа во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Мајка замавнала со ножот и го повредила синот: при семејна расправија во Дебар

Вчера во 17 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја лишиле од слобода 62-годишната Т.В. од Дебар.
Таа околу 15:30 часот при расправија во семејниот дом со остар предмет замавнала и нанела повреда на нејзиниот 31-годишен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.