Црна хроника
Осомничениот за убиството на полицаецот пратен на психијатриско лекување

Обвинителството бара задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на кумановецот кој пред неколку месеци уби полицаец кој интервенираше по пријава за семејно насилство.
Кумановското обвинителство го добило вештачењето за состојбата во која се наоѓал осомничениот, коешто покажува дека лицето било непресметливо, па поради тоа обвинителот доставил Предлог за определување на мерка – Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.Настанот се случи во јули годинава кога при интервенција по пријава за семејно насилство животот го загуби еден припадник на полициските сили. Пријавениот за семејно насилство нападна четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел фатален убод со нож во пределот на грбот. Поради сериозноста на повредата полицаецот почина, а напаѓачот – лице кое претходно повеќе пати било хоспитализирано за психијатриско лекување, беше притворен.Истрагата за овој кривично правен настан продолжува во насока на утврдување на евентуална одговорност на други лица./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.