Црна хроника
Откриен нелегален мобилен оператор во стан во Гостивар/видео
Во стан во Гостивар полицијата откри опрема со која станот практично бил претворен во нелегален мобилен оператор преку кој бил реализиран меѓународен мобилен сообраќај на црно.
Во полициската акција „Сим бокс“ извршен е претрес на дом и помошни простории во сопственост на 42 годишен гостиварец кој во моментот не бил дома.
При претресот одземена е софистицирана техничка опрема која се користела за нелегална интерконекција за мобилен (GSM) сообраќај кон голем број странски држави, а се состои од два TELE 5 V Gate сим бокс уреди, кои содржат 10 модули за СИМ картички (со капацитет на еден модул од 56 СИМ картички) или вкупно 1280 СИМ картички активни во еден исти момент, два сервера TELE 5 ( SAN NETRA X4200 ) наменети за терминација и трансферирање на телефонскиот сообраќајот од еден вид во друг, десктоп компјутер наменет за мониторинг и управување на спомената опрема, односно контрола на реализираниот сообраќај, активни СИМ картички и замена на СИМ картички блокирани од страна на мобилниот оператор.
Исто така пронајдени се Сим бокс уреди со помал капацитет на СИМ картички и антени. Запленети се над 40.000 сим картички од мобилни оператори од целиот свет, од кои најголем број се на мобилни оператори кои функционираат во соседните држави, Србија, Босна; Хрватска, Словенија, Албанија и Косово и документација за набавка на споменатата опрема и финансиски пресметки за остварен нелегален меѓународен телефонски сообраќај.
Во моментот на претресот, опремата била во функција и се вршело незаконско пренасочување на меѓународен телефонски сообраќај кон Србија. Од првичниот увид на работата на опремата и генерираните компјутерски податоци, утврдени се повеќе ИП адреси во Србија, каде овој сообраќај преку интернет нелегално завршува до крајните корисници.
Полицијата во координација преку CELEK центарот, размени информации и податоци за локациите со полициските служби во Србија, каде што од нивна страна извршен е претрес и исто така пронајдена е техничка опрема која претставува дел од пронајдената опрема во Гостивар и истата служи за терминиран сообраќај во Србија.
„Имајќи ја во предвид намената и функционалноста на пронајдената опрема и огромниот број на запленети СИМ картички, најмногу од српски мобилни оператори, може да се констатира дека голем дел од нивниот меѓународен телефонски сообраќај реализиран преку запленетите СИМ картички, терминирал низ серверите запленети во Гостивар.Од страна на Секторот за компјутерски криминал во наредниот период ќе бидат извршени дополнителни проверки за сите инволвирани лица и правни субјекти во нелегалните активности, проверки за начинот на обезбедување на меѓународен сообраќај, негово терминирање и реализација на истиот. По извршените дополнителни проверки, ќе биде изготвен соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство“ соопштуваат од МВР./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ.
Пријавениот во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која воедно бил и овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без за тоа да има соодветна оправданост или сметководствено покритие.
Со таквите дејствија Д.Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, за кој износ е оштетено ловечкото друштво.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

