Црна хроника
Поднесено обвинение против мајката која го малтретираше 18 месечното дете
По завршување на истражната постапка и прибирање на доказите во предметот, Oсновното јавно обвинителство – Скопје, во понеделникoт поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.
Мајката се товари дека на 31-ви август годинава физички го малтретирала своето 18-месечно бебе.Јавниот обвинител заедно со доставениот Обвинителен акт, достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата.Инцидентот се случил 31-ви август, околу 18 часот, на улицата „Аминта Трети“ кога осомничената идентификувана си иницјали А.Х., на 30 години од Скопје, започнала вербална расправија со нејзината свекрва и потоа во еден момент го зела нејзиното 18-месечно дете и почнала физички да го малтретира, удирајќи го со раце по главата и по телото, а во еден момент го кренала високо и го фрлила на земја. ‘Настанот го забележал случаен минувач кој пријавил во Единицата за информации и команда при СВР Скопје, по што од страна на полициски службеници веднаш било излезено на местото и известена службата за итна медицинска помош, бидејќи било проценето дека детенцето не е во добра здравствена состојба.По укажаната медицинска помош детето било пренесено на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде што било примено и задржано за натамошно лекување, по што подоцна било пренесено на Клиниката за неврохирургија каде му биле извршени потребните медицински испитувања, при што од страна на лекар специјалист неврохирург било констатирано дека детето има нагмечување на главата и потрес на мозокот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

