Црна хроника
Прилепчанец ја влечел за коса девојката и ја претепал оти му раскинала
Прилепчанец во втроникот попладнето ја претепал својата девојка, бидејќи ја раскинала врската со него.
Двајцата се сретнале во 18,30 часот во ресторан покрај вештачкото езеро во Прилеп и таму седумнаесетгодишната девојка му соопштила дека ја прекинува врската и заминала. Триесетгодишниот прилепчанец лут оти му раскинала, ја стигнал со патничко возило пред една бензинска пумпа, застанал и ѝ се заканувал. Потоа излегол од автомобилот и почнал да ја влече за косата, насилно ја внел во автомобилот на совозачкото седиште и продолжил да ја влече за косата и да ја удира со рацете по лицето и телото. Со туркање ја извадил од возилото и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
44-годишна жена од Валандовско смртно прегазена во Струмичко
Вчера во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско.
По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Црна хроника
Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника
Вчера во 10.43 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од булевар „1 Мај“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(77) од Битола, удрило во пешакот Д.Ј.(53) од Битола.
Во несреќата Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.
Топ
Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк
Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на избирачите, делење бонови. Во сите наведени случаи се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници.
На 7.5.2024, Е. Д. од Крњево, пријавил дека во домот дошле три лица од ДИК со цел дедо му да оствари право на глас од избирачкото место бр. 2828. Е. Д. се сомневал дека лицата се од ДИК бидејќи не биле претходно известени и требало да присуствуваат пет лица. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на настанот.
На 7.5.2024, во координација со ОЈО Куманово, преземени се активности во врска со настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка им делело бонови за точење гориво на бензинска пумпа. Извршен е претрес на просториите во бензинската пумпа, каде што во присуство на Ј. Ј. и М. Ѓ. биле пронајдени пет бона за гориво во вредност од 1.000 денари со втиснат датум од 8.5.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата што ја носел вработениот пронајдени се два бона за гориво во вредност од 1.000 денари и фискална сметка. Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б. С., С. М., М. Ѓ. и М. Д., сите од Крива Паланка, за извршување службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 7.5.2024, во 18.25 часот, на улицата Маршал Тито во Тетово, А. К. (24) од село Стримница пријавил дека се оштетени два банера со рекламен материјал од политичка партија, кои биле поставени на кружен тек од улицата В. С. Бато со улицата Маршал Тито во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 7.5.2024, во 22.10 часот, Ц. Т. од Неготино пријaвила кривично дело повреда на слободата на определување на избирачите, извршено од Л. Р. од Неготино. Имено, според пријавеното, околу 20.17 часот, Ц. Т. добила телефонски повик од Л. Р. за поддршка за гласање, на што Ц. Т. одговорила негативно. Потоа Л. Р. ѝ нагласила на Ц. Т. дека имала земено ИПАРД-поддршка по што го прекинала повикот. За настанот известен е надлежен јавен обвинител и ќе се преземат дополнителни проверки.
Во непосредна близина на избирачкото место 1180 во ОУ „Христијан Т. Карпош“ во с. Драгоманце, општина Старо Нагоричане, забележани биле расфрлани летоци од политичка партија. Летоците се отстранети.
Од МВР информираат дека во текот на изборниот молк пријавени се и неколку случаи за наводно агитирање и нудење поткуп, но по преземените мерки од страна на полициските службеници, тие наводи до сега не се потврдени.