Црна хроника
Притвор за возачот кој ја прегази новинарката кај „Зебра“
Притвор во траење од 30 дена му е одреден на возачот кој во вторникот вечерта ја прегази и усмрти на лице место новинарката Сузана Тодоровска-Павлоска кај трговскиот центар „Зебра“, во скопската населба Капиштец.
Во петок осомничениот со свој бранител бил доведен пред надлежниот обвинител.„Надлежниот обвинител потоа достави Предлог за определување на мерката – Притвор за осомничениот бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи за нејзино изрекување. Предлогот беше прифатен од Судијата на предходна постапка , па на осомниченото лице судот со Решение му изрече мерка Притвор во траење од 30 дена“, соопштуваат од Обвинителството.По направените анализи било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол и под дејство на марихуана. Во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.Осомничениот, триесет и седумгодишен скопјанец Б.Б, до четвртокот беше во болница на лекување. Според дел од медиумите, кои пренесоа изјави од очевидци, несреќата се случила додека автомобилот се движел по улицата „Васил Ѓоргов“ со голема брзина.Автомобилите што биле пред него, подзастанале за да пропуштат пешаци, но скопјанецот кој го управувал автомобилот „опел корса“ не можел да го запре возилото поради голема брзина. За да ги избегне автомобилите, го свртел возилото и удрил во жената која одела на тротоар, потоа пробил метална ограда, се качил на скали и удрил во излог на фризерница.Оваа верзија на несреќата не е потврдена. Новинарката Тодоровска Павлоска беше вработена во Македонското радио во вториот програмски сервис.Во центарот на нејзиниот богат новинарски опус беа културните настани, а главен интерес и беа филмската уметност и подвижните слики на кои им го посвети најголемиот дел од својата кариера.Нејзиниот сопруг преку социјалните мрежи најави дека ќе поднесе и приватна тужба против осомничениот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

