Црна хроника
Приведен шверцер на мигранти откако се обидел да избега и удрил полициско возило
Полицијата привела скопјанец, кој се обидел да шверцува тројца Сиријци откако се обидел да избега и удрил во полициско возило.
Во петокот вечерта околу 20.30 часот во близина на раскрсницата на патот Гевгелија-Богданци полицајците забележале возило со мигранти, кое се упатило кон село Богородица, а потоа по автопатот Е-75 кон Скопје.
На автопатот во правец од Гевгелија кон Скопје полицајците му дале знак на возилото да застане, но при обидот да го прегледаат возилото, тој нагло го стартувал и удрил во полицискиот автомобил.
Откако автомобилот застанал, возачот избегал преминувајки преку металните огради на автопатот, по што од страна на полициските службеници е фатен иако при приведувањето давал отпор.
Во автомобилот „БМВ“ биле најдени тројца сириски државјани без документи за идетификација. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ.
Пријавениот во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која воедно бил и овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без за тоа да има соодветна оправданост или сметководствено покритие.
Со таквите дејствија Д.Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, за кој износ е оштетено ловечкото друштво.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

