Црна хроника
Прободени двајца во одделни тепачки
Неколку тепачки во Скопје и во Куманово, во последните два дена завршиле со двајца прободени и неколкумина со телесни повреди, соопшти полицијата.
Имено, во понеделникот околу 16.50 часот во Старата скопска чаршија 23-годишниот Н.Д. и 25-годишниот С.С. од Србија биле физички нападнати од повеќе непознати лица при што едно од лицата со нож му нанел убодна рана на Н.Д. во пределот на градниот кош. Тој бил пренесен во Ургентниот центар Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди. Истиот ден, околу 19 часот на улица „Женевска“, 16-годишен малолетник бил физички нападнат од страна на едно непознато лице кое го удирало со тупаници во пределот на телото, а потоа извадил нож и го забодел во пределот на стомакот по што му ја скинал јакната. Околу 22 часот во населбата Карпош во Куманово, 34-годишниот В.Н. од Скопје додека седел во своето возило по кратко време дошол С.А.(22) со кого се познавале од порано и Б.М.(21) и двајцата од Куманово и започнал да му бара пари. Тој физички го нападнал по што му го одзел мобилниот телефон и избегал. Од страна на полициски службеници од СВР-Куманово осомничените се пронајдени и приведени, извршен е разговор со истите и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок. Ноќта, околу 2.30 часот на улица „Димитрије Чупоски“ во Скопје, И.Ц.(23), Б.З.(24) и А.К.(24) биле физички нападнати од неколку непознати лица удирајќи ги со стаклени шишиња при што истите се здобиле со телесни повреди. Се работи на целосно расчистување на случаите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

