Црна хроника
Рекордна заплена на 42,7 тони канабис на Медитеранот

Италијанската финансиска полиција заплени 42,7 тони канабис во една најголемите акции за заплена на дрога во Европа, близу брегот на Сицилија, во рамки на истрага на француската царина.
Дрогата, запленета во понеделникот, се наоѓала на бродот Абердин, долг 110 метри, кој пловел под знамето на Того. Членови на екипажот биле Либанци, Индијци и Сиријци, рече Венсан Совалер, водачот на операцијата.
Петнаесет членови на посадата предадени се на судските власти. Со толкава количина на дрога малку е веројатно дека не знаеле што се превезувало на бродот, вели Совалер.
Бродот требало да пристигне во некое од пристаништата во источниот Медитеран, како на пример во Либија, Грција или Албанија, а дрогата требало потоа да биде дистрибуирана ширум западна Европа.
Се претпоставува дека дрогата потекнува од Мароко./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.