Црна хроника
Сам се удирал во ѕид, а пријавил дека го нападнале
Тетовец, ги потрошил парите во казино, а потоа сам се удирал во ѕид, па пријавил во полиција дека го претеплае три лица и му ги зеле парите.
Имено, во 22 часот на Божик, во полициска станица во Тетово, било пријавено дека во Клиничката болница во Тетово на Хируршко одделение бил донесен повреден И.А.(34) од село Копанце-Општина Јегуновце, со повреда на главата, кој на челото имал оток, црвенило и гребаници, кој е задржан на лекување. Во разговор со полициските службеници И.А. пријавил дека, истиот ден околу 19 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, врз него било извршено разбојништво од три лица од кои едното наводно го познавал од порано. Според негово кажување трите лица насилно го внеле во „Голф“и се упатиле помеѓу автобуската и железничка станица, каде го извадиле од возилото и физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, при што му одзеле 100 евра и мобилен телефон, а потоа го напуштиле местото на настанот. По преземени мерки за расчистување на делото констатирано е дека се работи за лажно пријавување. И.А. самиот се удирал во ѕид од неговата куќа со цел да ги оправда паричните средства кои ги потрошил во казино. По дополнителни проверки било утврдено дек И.А., врз основа на судска пресуда, се барал за издржување казна затвор во траење од 100 дена за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“./крај/со/бб
Извор: Илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

