Црна хроника
СДСМ: Автомобилот недозволено претекнувал камион и удрил во џипот на Шекеринска

Опозициската партија СДСМ во соопштение до јавноста потврдува дека потпретседателката на партијата, Радмила Шекеринска учествувала во сообраќајната несреќа кај Мрзенци и информира дека таа е во добра здравствена состојба.
Како што информираат од партијата, сообраќајката се случила кога возило, коешто претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала и заменик претседателката на СДСМ со нејзините родители.Како што информираа од МВР, во сообраќајната несреќа учествувале џип со скопски регистерски таблици „мицубиши пајеро“ и автомобил „шевролет авео“ со гевгелиски регистерски таблици. Во сообраќајката девојката којашто го управувала автомобилот „шевролет авео“ се здобила со телесни повреди и е пренесена во гевгелиската болница./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.