Црна хроника
Седум Сиријци нелегално превезувани низ Македонија

Седум мигранти од Сирија, биле нелегално превезувани низ Македонија, а возачот со потекло од валандовско е приведен, додека мигрантите се префрлени во Прифатниот центар за странци, соопшти МВР.
Седум мигранти од Сирија, биле нелегално превезувани низ Македонија, а возачот со потекло од валандовско е приведен, додека мигрантите се префрлени во Прифатниот центар за странци, соопшти МВР.
Имено, во саботата, околу 17.30 часот на локалниот пат село Марвинци – Валандово, поточно во село Марвинци, полициски службеници од полициската станица на ГП „Богородица“,запреле комбе „Фиат Дукато‘‘ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.Н.(45) од село Брајковци, валандовско. Во комбето биле затекнати седум лица-мигранти, државјани на Сирија.
З.Н. е приведен и предаден во полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, додека странските државјани ќе бидат предадени во Прифатниот центар за странци-Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.