Црна хроника
Стружанец бесправно доградувал на комплексот „Аква блу“ во Струга
Жител на струшкото село Велешта бесправно доградувал на коммплексот „Аква блу“ во Струга на брегот на Охридското езеро.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“ и “узурпација на недвижности“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава триесетгодишниот жител на Струга.Нелегалната градба, стружанецот јка започнал на почетокот од годинава.На барање на полициската станица од Струга, во текот на месецов овластен градежен инспектор од општина Струга извршил увид. Според записникот за инспекциски надзор, инвеститорот на катастарска парцела број 2650/1 – КО Струга, на државно земјиште предвидено за плажа, на претходно изграден објект отпочнал доградба со димензии 4 х 15 метри. Градбата ја отпочнал без претходно добиено одобрение за градење.Неодамна, полициската станица од Струга против него поднесе кривична пријава за бесправно градење бидејќи на почетокот на годинава, без одобрение за градба започнал да гради објект за одгледување на добиток кој се наоѓа на јужната страна на магистралниот пат Струга-Охрид. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ.
Пријавениот во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која воедно бил и овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без за тоа да има соодветна оправданост или сметководствено покритие.
Со таквите дејствија Д.Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, за кој износ е оштетено ловечкото друштво.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

