Топ
Tрагедија во Чаир: Градежник падна од висина и загина
Голема трагедија била пријавена синоќа во скопската населба Чаир.
41-годишен маж од Албанија, работејќи на изградба на објект паднал од висина и починал на лице место.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Известени биле Јавен обвинител и трудов инспектор, кои излегле на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница
Генералното собрание на Обединетите нации денеска одржа седница на која се расправаше за резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која беше усвоена со 84 гласа „за“.
Од друга страна, 19 земји гласаа против, а 68 земји беа воздржани.
Најважните делови од резолуцијата се содржани во седум точки.
Генералното собрание донесе одлука да го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година.
Безрезервно го осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница и ги повикува земјите-членки да ги зачуваат утврдените факти, вклучително и преку образовните системи преку развивање соодветни програми, исто така со цел да се запамети, да се спречи негирање и искривување на геноцидот.
Иницијативата за усвојување на Резолуцијата за Сребреница ја покренаа Босна и Херцеговина, Германија и Руанда. Во меѓувреме, како резултат на значителна дипломатска активност, на земјите им се приклучија Албанија, Австрија, Бангладеш, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Чиле, Хрватска, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Јордан, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малезија, Холандија, Нов Зеланд, Северна Македонија, Полска, Руанда, Словенија, Шведска, Турција, Велика Британија и Соединетите Американски Држави.
Македонија
Таравари уште размислува дали ќе биде министер за здравство: „Можноста не е исклучена, но не е дефинитивна“
Арбен Таравари, еден од партнерите на коалицијата „Влен“, а кој моментно е градоначалник на општина Гостивар, сѐ уште не одлучил дали ќе биде во идната влада како министер.
Тој потврди дека некои од пишувањата на некои медиуми за поделбата на владините ресори и службените места се точни. Според Таравари, конечниот договор меѓу идните владини партнери, „Влен“ и ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно, ќе биде објавен денеска или утре, стои во напишаниот допис.
„Алијансата ќе има двајца министри, вицепремиер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменик-министри, како и двајца државни секретари, и тоа заменик-министер за одбрана и заменик-министер за земјоделство. Државен секретар за здравство и уште еден на кој сега не ми текнува“, изјави Таравари.
Таравари вели дека сѐ уште не се дефинирани имињата на кадрите што ќе бидат назначени на овие позиции.
Запрашан дали ќе биде следниот министер за здравство, тој рече дека не одлучил и сѐ уште размислува дали ќе ја прифати оваа функција. „Не е исклучена можноста, но не е дефинитивна“.
Таравари ги коментира и резултатите од прегласувањето и истакна дека тие воделе на 8 мај и сега, како што рече тој, се во голема предност.
„ДУИ може да ги обжали резултатите, но резултатите се такви. Тоа беше очекувано и сега бранот промени не може да се запре, па ДУИ мора да го прифати резултатот. Граѓаните сега се ослободени, гласаат малку послободно од порано и посакувам ДУИ да ја прифати оваа реалност. Сега ‘Влен’ има еден пратеник повеќе, ДУИ еден помалку“, изјави Таравари.
Македонија
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Наке Георгиев
Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапи по жалбата на одбраната на осомничениот Н. Ѓ. изјавена против решението на судија на претходна постапка од 21.5.2024 година:
„Денеска, по барање на одбраната на осомничениот се одржа јавна седница, на која по произнесувањето на одбраната и обвинителот во однос на наводите во предлогот за определување мерка притвор, се донесе решение со кое жалбата на одбраната се одбива како неоснована и се потврдува решението на судијата на претходна постапка, со кое му се определува мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 т. 2 и 3 од ЗКП.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд во Скопје“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.