Црна хроника
Тинејџер се обидел да си ги пресече вените заради девојка
Деветнаесетгодишно момче од Чашка, во Прилеп се обидело да си го одземе животот, поради расправија со девојка, соопшти полицијата.
Имено, во неделата, околу 00.30 часот во Прилеп на ул. „Гоце Делчев“, Н.Д. (19) од Чашка, велешко, се качил по скалите од дрвената куќарка, по што испил две ленти таблети „аналгин“, а потоа со жилет се обидел да си ги пресече вените на рацете.
На ова му претходела расправија со неговата девојка од Прилеп. Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му се констатирани телесни повреди.
По извршен преглед лицето е приведено во полициска станица во Прилеп, затоа што истото се води како исчезнато лице во полициска станица Гази Баба-Скопје и за него била распишана потерница на 08.01.2016 година. Истиот на 10.12.2015 година избегал од Јавната установа „Ранка Милановиќ“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

