Црна хроника
Тројца избодени во Скопје
Во два одделни случаи во петокот доцна попладнето и ноќта со удари со остри предмети потешко се повредени вкупно три лица информираше скопската полиција, а според пишувањето на дневниот весник Нова Македонија станува збор за млади Албанци.
Во два одделни случаи во петокот доцна попладнето и ноќта со удари со остри предмети потешко се повредени вкупно три лица информираше скопската полиција, а според пишувањето на дневниот весник Нова Македонија станува збор за млади Албанци.
Првиот инцидент се случил меѓу млади луѓе во близина на средното училиште „Цветан Димов“, во скопската општина Чаир, додека другиот на плоштадот „Скендербег“ во централното подрачје, каде што се прославуваше Денот на албанското знаме
На плоштадот „Скендербег“ ноќта во петокот тешко бил повреден 20-годишник, кој како што велат од МВР, се здобил со пет силни удари нанесени со остар предмет, додека, пак, на улицата „Џон Кенеди“ кај средното училиште попладнето тешко повредени биле 26-годишниот Б.С. и 18-годишниот А.С., кои биле прободени со нож.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се истражуваат причините за двата инцидента, додека тројцата повредени сега се на лекување во Градската болница во Скопје./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

