Црна хроника
Уапсен дилер од Скопје
Полицијата во петок уапси скопјанец кој набавувал дрога, а потоа истата ја препродавал на негови сограѓани, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Триесегодишниот М.Д. подолг период продавал марихуана од неговиот дом во Мичурин. Тој во текот на овој месец од засега непознато лице, за 8.000 денари набавил поголема количина на марихуана, која ја препакувал за улична продажба и по претходен телефонски договор со уживатели им ја продавал, најчесто од дома или на претходно договорено место.
Единицата за недозволена трговија со дрога изврши претрес во неговиот дом при што биле пронајдени и одземени 82,7 грама марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д. поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Инаку, М.Д. досега е двапати кривично пријавуван за „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба“, за што од надлежен Суд му се изречени една мерка засилен надзор од родител и една условна казна затвор, информира МВР.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

