Црна хроника
Уапсен мозокот на криминална група која се богатела со државни пари
Финансиската полиција во четвртокот уапсила скопјанец кој се сомничи дека е мозок и организатор на криминална група специјализирана за финансиски криминал тежок, ни повеќе ни помалку, туку 372.000 евра.
Според податоците од истрагата до кои дојде Финансиската полиција, уапсениот во периодот 2012/2013 година организирал мрежа од повеќе фирми кои добиле различни улоги во криманалниот потфат за незаконски поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) од Буџетот на Република Македонија.Во бизнисот со ДДВ директно биле вклучени фирмите „Херонеја плус“ управувана од братот на првопријавениот, „Калијани ДООЕЛ“ управувана од лицето Д.Џ и „Металопластика -груп ДООЕЛ“ управувана од лицето С.Д, сите од Скопје. Преку овие фирми уапсениот М.Р со помош на лица кои добро биле запознаени со системот за поврат на ДДВ успеал буквално да украде од државниот Буџет сума од 372.000 евра. Кривичното дело е сторено на начин што првопријавениот преку управителите на фирмите кои биле под директна негова команда, до надлежните служби за поврат на ДДВ во текот на 2012 и на 2013 година доставил фалсификувани ДДВ пријави со наводно побарување за поврат на повеќе уплатено ДДВ. Фирмата „Херонеја плус“ управувана од неговиот брат инкасирала вкупно 132.000 евра, фирмата „Калијани ДООЕЛ“ управувана од лицето Д.Џ., инаку познат скопски престапник, инкасирала вкупно 112.000 евра и фирмата „Металопластика -груп ДООЕЛ“, управувана од лицето С.Д., инкасирала вкупно 128.000 евра. Откако парите од државниот Буџет биле префрлени на банкарските сметки на овие три фирми, првопријавениот со цел да го сокрие трагот на парите и колку што е можно да ја затскрие целата криминална операција, дал насока на управителите кои биле под негова команда дел од парите да ги извадат во кеш и да му ги дадат нему лично додека другиот дел бил трансфериран кон фирмите „Маки-ком груп“ и „Апс-асо“ коишто, исто така, се контролирани од групата и од каде натаму се извадени во кеш. За добро завршената работа, организаторот на бизнисот со поврат на ДДВ на сите други инволвирани лица им исплатил помала сума пари, како благодарност за успешно завршената работа, а остатокот од пленот го задржал за себе и го користел за свои лични потреби. Судија на претходна постапка од скопскиот Кривичен суд на уапсениот му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, а на лицето С.Д му е одземена патната исправа и ќе се брани од слобода. Трите лица кои се сé уште недостапни за органите на прогонот ќе се бараат со соодветни потерници./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
Тетовското обвинителство поведе истражни постапки против вкупно 4 лица по оретресите во Брвеница, во кои беше пронајдена наркотична дрога и оружје.
Тројца од нив се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.
Така, кај еден осомничен биле пронајдени пиштол со 2 куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка. Кај друг осомничен полицијата пронашла 55 куршуми, oд кои 53 куршуми боева муниција забранета за граѓаните, додека кај третиот бил пронајден пиштол без шаржер.
Четвртото лице кај себе држело 3,15 грама кокаин во моментот на претресот, поради што му е поведена истрага за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
По краткотрајниот 48-часовен притвор за обезбедување докази, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за тројца осомничени, додека за еден се предложени мерки на претпазливост.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината
Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.
ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.

