Црна хроника
Украдени 23.000 евра од гастарбајтер среде улица во тетовско
Жител на тетовско Добарце бил ограбен пред угостителски објект во Непроштено, каде со возило „Пасат“ со германски регистарски таблици, при што му биле украдени 23.000 евра.
Според СВР-Тетово, Ш.И.(42) пријавил дека околу 21,00 часот пред угостителскиот објект во.Непроштено, пристигнал заедно со неговиот пријател О.М.(23) од Џепчиште, при што биле запрени од две непознати лица, вооружени со пиштоли кои им наредиле да излезат од возилото, по што едниот со шлаканици го удрил О.М, додека на Ш.И. му впериле пиштол и побарале да им ја даде чантата, во која имал 23.000 евра.
Откако ја зеле истите избегале, а Ш.И. и О.М. влегле во возилото и се упатиле по регионалниот пат и по кратко време О.М. ја отворил вратата и набрзина го напуштил возилото. На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

