Црна хроника
Унгарец со компјутерска измама од Македонец украл 17.400 евра
Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против унгарскиот државјанин, 43-годишниот К.М. од Будимпешта, поради постоење основи на сомнение дека во текот на ноември годинава, со цел противправно да се стекне со имотна корист од околу 17.400 евра, сторил две кривични дела „измама“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Имено, К.М. во текот на ноември годинава неовластено навлегол во компјутерскиот систем, на тој начин што пресретнал електронска комуникација во врска со набавка на вештачко ѓубриво на две правни лица (едно од Република Македонија, едно од Грција).
Откако правните лица се договориле за набавката на вештачко губриво (плаќањето во износ од 17.376 евра да биде по профактура), пријавениот следејќи ја комуникацијата помеѓу двете правни лица на 10-ти минатиот месец, од неговата електронска пошта скоро идентична со електронската пошта на правното лице од Грција, претставувајќи се во нивно име, испратил порака до правното лице од Скопје во која ги известил дека паричните средства треба да ги уплатат на друга банкарска сметка, затоа што претходната банкарска сметка е блокирана, притоа давајќи им банкарска сметка од банка, со седиште во Будимпешта-Унгарија.
Правното лице од Скопје два дена по добиеното известување, ја извршило уплатата на посочената банкарска сметка. По дознавањето за кривично правните настани, од страна на Единица за економски и компјутерски криминал превземени се мерки и активности при што е утврдено дека, пријавениот за комуникација со оштетеното правно лице од Скопје, користел сервер и ИП адреса од САД и електронска пошта, која се разликува од оригиналната електронска пошта на правното лице од Грција, единствено во крајните букви на меилот и наместо „.gr“ е впишано „.cc”.
Понатаму, во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка и со Управата за финансиско разузнавање во Министерството за финансии на РМ, извршени се проверки и превземени мерки, со цел да се спречи исплата на паричните средства бидејќи истите се предмет на кривично дело. Испратено било барање до надлежните служби во Унгарија и уплатените парични средства на банкарската сметка во Унгарија, се замрзнати и вратени на трансакциска сметка на правното лице од Скопје./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

