Црна хроника
Уште еден загинат и две тешко повредени деца во сообраќајни несреќи
Покрај трите жртви од едно кичевско семејство во тешката сообраќајна несреча којашто се случи во саботата попладнето кај Гостивар, на патиштата во земајта се регистриани уште две соорбаќајни и една тракторска несреќа, во која едно лице го загубило животот а две малолетни лица се тешко повредени, известија во неделата од Министерството за внатреши работи.
Во саботата околу 1,30 часот во Полициската саница часот Берово, било пријавено дека во атар на селото Двориште на месноста Кривио габер, бил пронајден починат 44-годишниот В.Р. од истот село. Тој претходниот ден околу 18 часот на спомнатата локација управувајќи трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, со приколка натоварена со дрва, од непознати причини изгубил контрола над тракторот и излетал покрај патот, по што паднал и со главата удрил во тврд предмет, по што починал на местото на настанот. Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
Во саботата околу 11,45 часот на регионалниот пат Р-29471, во селото Подареш кај Радовиш, се случила сообраќајна незгода во која 22 годишниот В.Н. од истото село управувајќи автомобил „форд галакси“ со привремени регистарски ознаки, удрил во велосипед коешто ги управувало осумгодишно дете. Во незгодата детето се здобило со фрактура на череп, крварење од десно уво и повреда на десно белодробно крило, и по укажаната лекарска помош е пренесено и задржано на лекување во Ургентнито центар во Скопје.
Во саботата вечерта околи 22,15 часот во кумановското село Ново Село, на регионален пат Скопје -.Никуштак – Куманово, поточно во близина на местото Икина викендица, се случила сообраќајна незгода во која 16-годишен малолетник од селото Љубодраг кај Куманово, управувајќи „ауди А-4 авант“ со скопски регистарски таблички, сопственост на скопјанец, изгубил контрола над автомобилот при што излетал надвор од патот и се превртел. По незгодата, сопатникот, на 14-годишна возраст, од Горња Радгона во Словенија, Горња Радгона, е пренесен во болницата во Куманово каде што му се констатирани тешки повреди на черепот, опасни по живот и по укажана лекарска помош како итен случај е упатен во Ургентниот центар во Скопје. Увид на местото на настанот е извршен од екипа при СВР Куманово. По предходно добиено овластување на Јавен обвинител од Куманово, од малолетниот возач е земена крв за анализа, и констатирано е присуство на 0,56 промили алкохол во крвта./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos

