Црна хроника
Уште еден тетовски моторџија го загуби животот, откако удри во пешаци
– Архивска фоторгафија
Ноќта кон понеделникот, околу 1,50 часот на автопатот Скопје-Тетово се случила сообраќајна незгода во којашто животот го загуби 38-годишен мотоциклист од Тетово, кој удрил во пешак соопштија од СВР Тетово
Ноќта кон понеделникот, околу 1,50 часот на автопатот Скопје-Тетово се случила сообраќајна незгода во којашто животот го загуби 38-годишен мотоциклист од Тетово, кој удрил во пешак соопштија од СВР Тетово
Мажот идентификуван како 38-годишниот Р.Р. од Тетово, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот, исто така 38-годишен, И. С. (38) од скопското село Сарај, кој бил застанат на лентата за принудно запирање со автомобил „БМВ“ со непознат регистарски број, и во 28-годишниот М.Х. од населбата орче Петров,Скопје, кој исто така бил застанат до возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од 28-годишниот Р.О. од Скопје.
Во незгодата на лице место починал Р.Р., додека со тешки телесни повреди се здобил И.С., кој е пренесен во Ургентен центар Скопје, а со телесни повреди се здобил Х.М. кој по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.