Црна хроника
Уште една сообраќајка кај Катланово, „голф“ удрил во превртен џип и полицаец
Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово на автопатот Велес-Скопје, во близина на тунелот кај Катланово. Во несреќата возач на „голф“ удрил во џип кој неколку моменти пред тоа се превртел на автопатот и во полицаец кој го обезбедувал местото.
Сообраќајката се случила околу 11 часот на околу 300 метри од тунелот во Катланово кога џип со струмички таблички, од засега непознати причини, се превртел на патот.
На местото на настанот излегла полициска екипа, за да го обезбедува местото додека не пристигне увидната екипа.
Неколку моменти по несреќата со џипот, кон полициските службеници и превртеното возило со голема брзина се приближувал „голф“ кој удрил во џипот, во полициското возило како и во полицискиот службеник кој бил на службена должност.
Според првичните информации повредени се три лица, двајцата возачи на џипот и „голфот“ и еден полицаец, но од СВР Скопје велат дека ова не е конечна бројка на повредени.
Повредени се пренесени во скопските болници./крај/мф
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

