Црна хроника
Во две хаварии на „опел астри“ една петгодишна жртва

– Архивска фоторгафија
Во петокот на македонските патишта се регистрирани две тешки сообраќајни несреќи во кои животот го загуби петгодишно дете и тешко е повреден пешак, соопштија во саботата од Министерството за внатрешни работи.
Во петокот на македонските патишта се регистрирани две тешки сообраќајни несреќи во кои животот го загуби петгодишно дете и тешко е повреден пешак, соопштија во саботата од Министерството за внатрешни работи.
Во петокот околу 10,20 часот на регионалниот пат Струмица – Берово, кај селото Дабиле на месноста Висови, се случила сообраќајна незгода во која 38-годишен жител на струмичкото село Босилово управувајќи го возилото „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, излетал од коловозот, при што сопатникот во возилото дете на возраст од пет години се здобило со тешки телесни повреди, на кои има подлегнало во Медицинскиот центар во Струмица.
Попладнето, по 16 часот, исто така, во петокот на магистралниот пат Македонска Каменица – Кочани, кај месноста Кантурски рид, се случила сообраќајна незгода во која 41-годишен возач од Македонска Каменица, управувајќи „опел астра“ со штипски регистарски ознаки удрил во пешакот 54-годишна жена која се движела покрај патот. По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Македонска Каменица, повредената жена пренесена во Ургентниот центар во Скопје. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.