Црна хроника
Во Кочани почина уште едно лице заболено од листерија
Опасната бактерија листерија одзеде уште еден живот во Кочани, со што бројот на смртни случаи од ова заболување изминатиов месец во земјава се искачи на четири, пренесува Канал 8.
Според нивните информации, станува збор за 55 годишна жена која е втора жртва од Кочани заболена од оваа бактерија.
Според Натка Каранфилова, специјалист – епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Кочани, освен двајцата починати, ново примени лица заболени од бактеријата нема.
Стравот од листерија и фактот што една од можните извори на зараза е месото и преработките, продажбата на месо и месни производи во Кочани ја намали за околу 40 %, соопштува Канал 8.
Опасната бактерија може да го разболи човекот најрано за 15 дена, но дури и по 70 дена кога со храна ќе биде внесена во организмот. Не се пренесува од човек на човек, но смртноста е многу висока.
Веројатноста да се добие болеста е повисока кај постари лица, бремени жени и лица со послаб имунитет. Кај здрави лица со подобар имунитет заболувањето поминува со полесна клиничка слика, дијареа, зголемена температура која трае неколку дена и спонтано поминува.
Лекарите и понатаму апелираат во летните месеци да се намали консумирањето на сувомеснати производи, како и на млечните кои се направени од непастеризирано млеко, бидејќи листеријата, за разлика од останатите бактерии, живее во поголем температурен распон, а способноста на бактеријата да толерира ниски температури и сол овозможува таа да преживее во преработена и конзервирана храна и во храна што се чува во фрижидер./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

