Црна хроника
Во Лојане држеле 35 мигранти во штала
Во штала во Лојане, кумановско, полицијата нашла 35 мигранти кои противправно биле држани од сопствениците на куќата и од неколку Авганистанци и Пакистанци.
Имено, во петокот ноќта по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово од страна на полициски службеници од СВР Куманово во кординација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Оддел за гранични работи и миграции извршен е претрес во дом и други простории кај лицето Ќ.А.(46) од село Лојане, при што во помошна просторија-штала биле пронајдени 35 мигранти.
За време на претресот сопственикот не бил присутен, а додека во домот бил затекнат неговиот син Р.А.(18). Освен мигрантите пронајдени во помошната просторија во село Лојане пронајдени и лишени од слобода се и О.К.(25) и М.Д.(40) од Авганистан, С.С.(33), Н.А.(18), А.А.(19) и А.М.(20) сите од Пакистан за кои постојан сомненија дека противправно ги држеле лицата Л.М. од Сирија со нејзините четири малолетни деца и Х.У. исто така од Сирија со неговите две малолетни деца.
Синот на сопственикот на куќата од село Лојане Р.А. е лишен од слобода, додека по неговиот татко се трага поради основано сомнение дека се сторители на кривично дело „криумчарење мигранти“и против нив ќе биде поднесена кривична пријава до јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.
Во СВР Куманово се приведени и странските државјани за кои исто така постои основи на сомнение за сторено „криумчарење на мигранти“ и против нив исто така ќе биде поднесена кривична пријава до јавното обвинителство за гонење на организиран криминал./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.
Црна хроника
Тешко повредена 71-годишна жена од Велес: ја прегазило „бмв“
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес.
По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

