Црна хроника
Во Скопје запален џип, во Битола ограбен маркет
Во Скопје во изминатото деноноќие покрај напад со нож, билтенот на Министерството за внатрешни работи содржи и информации за опожарено теренско возило и смртен случај во железничка несреќа, додека во Битола е пријавено разбојништво во колонијална продавница.
Ноќта кон понеделникот, половина час по полноќ, пријавено е дека на улицата „Козара“ бр.22, во скопската населба Капиштец,. од непознати причини било опожарен е џип од моделот „Опел Антара“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на В.С.
Претходно во неделата наутро на излезот од железничката станица Маџари кон селото Трубарево, воз удрил 79-годишен жител скопско Трубарево, кој снапасувал кози покрај пругата. Лицето идентификувано со инициајлите К.Ж. починало на самото место. Увид на лице место извршила екипа на СВР–Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.
Во неделата навечер, околу 21,40 часот во Битола на улицата „Васко Карангелевски“, во маркетот „Сезам“, две маскирани лица извршиле разбојништво над вработената насилно одземајќи ѝ 18.800 денари од дневниот промет и штека цигари марка „57“, а потоа избегале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

