Црна хроника
Во српски „мерцедес“ шверцувал 152 илјади евра од Македонија
Во средата, царинските службеници од Одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, при контрола на патничко моторно возило со српски регистарски ознаки во специјално направен бункер пронајдоа 152.395 евра.
Дента, околу 20 часот на граничниот премин Табановце на излез од Македонија било запрено патничко моторно возило марка „Mercedes E220“ со српски регистарски ознаки управувано од српски државјанин од Прешево. При детална царинска контрола на патничко моторно возило во долниот делот зад предната регистарска табличка, пронајден е специјално направен бункер од каде се извадени 152.395 евра.Согласно Законот за девизно работење, на лицето му се вратени 10.000 евра, износ кој нерезидент може слободно да ги изнесе од државата без да ги пријави, додека останатите 142.395 евра се привремено задржани и депонирани во Трезорот на Народна банка на Република Македонија. Против лицето ќе биде превземени соодветни мерки./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

